[ФОТО] Објавени фотографиите од УФЦ ѕвездата по 200 примени удари. Обожавателите: „Боже, ужасно“

Точка

29/01/2026

20:16

799

Големина на фонт

а а а

Педи Пимблет за првпат бил виден во јавноста по тешкиот пораз на настанот УФЦ 324, а новите фотографии ги покажуваат бруталните последици од борбата против Џастин Гејџи за привремената титула шампион во лесна категорија.

Англискиот борец во Лас Вегас, во текот на петте рунди, примил 200 удари и на крај го доживеал својот прв пораз во УФЦ со едногласна одлука на судиите, пишува „Bloody Elbow“.

Сопругата објавила фотографии од отеченото лице

Три дена по борбата, сопругата на Пимблет, Лора, на социјалните мрежи споделила неколку фотографии со порака: „Засекогаш сум горда на тебе. Толку многу те сакам“.


Иако на повеќето фотографии Пимблет носи очила за сонце или е свртен со грб, една фотографија на која неговото лице е во преден план стана вирална. На неа се гледа дека лицето му е отечено, изобличено и прекриено со исеченици и модринки.


Фотографијата предизвикала бројни реакции од обожавателите, кои ги коментирале тешките повреди на Пимблет. „О, Боже, каков ќотек добил“, напишал еден корисник. Друг додал: „Штетата што ја претрпел е неверојатна. Зошто никој не го обвинува неговиот тим за примениот број удари?“

Третиот сликовито се изразил: „Лицето на Педи изгледа како да го прегазил камион, го удрил товарен воз, а потоа и реалноста му удрила шлаканица“. Се ределе и коментари како: „Проклетство, очите му изгледаат ужасно“ и „Оваа борба ќе остави трага на него до крајот на животот“. Некои ги споменале и спорните моменти од борбата: „Тие убоди во око беа гадни. Малиот заслужува реванш“.


Пимблет се огласил по поразот

Во вторник навечер се огласил и самиот Пимблет. Во објава на Инстаграм се осврнал на својот прв пораз во организацијата. „Се надевам дека сите уживавте во борбата исто како и јас. Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа да дадат поддршка и на сите што гледаа од дома“, започнал тој.


„Сосема сум добро, немам повреди. Во борбата влегов чувствувајќи се одлично, имав одличен подготвителен камп и лесно ги симнав килограмите. Нема изговори – подобриот борец победи таа вечер. Џастин Гејџи, честитки, брате. Ми беше чест да го делам кафезот со таква легенда. Оди по тој неприкосновен појас, твојата кариера го заслужува тоа“, му порачал на противникот.

На крај додал: „Се надевам дека ќе можеме повторно да се бориме за неприкосновената титула, затоа што и понатаму знам дека ми е судено да го освојам тоа злато. УФЦ, благодарам за шансата. Сите знаете дека ќе се вратам по тој појас во блиска иднина“.