Рашфорд пoгоди мајсторски и влезе во одбрано друштво

Дерби

29/01/2026

13:54

299

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд беше еден од стрелците за Барселона во триумфот над ФК Копенхаген (4-1) во Лигата на шампионите.

Со овој резултат каталонците обезбедија топ 8 пласман и директно место во осминафиналето, додека пак Рашфорд со погодокот влезе во одбрано друштво, рамо до рамо со Дејвид Бекам.

Имено Маркус реализираше од слободен удар против данскиот претставник и со тоа стана вторито англиски фудбалер кој погодил од прекин за два различни клуба во ЛШ. Напаѓачот претходно реализираше како член на Манчестер Јунајтед, додека на Бекам тоа му успеаа додека ги носеше дресовите на „црвените ѓаволи“ и Реал Мадрид.