[ФОТО] „Планот на Господ бил да испратиме уште едно бебенце во рајот“: Александра Шијакоска и сопругот Едмонд споделија трогателни објави

Точка

24/01/2026

17:50

1.052

Големина на фонт

а а а

Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд споделија трогателни објави на Инстаграм.

Кон крајот на минатата година, парот сподели убави вести дека по втор пат ќе станат родители и открија дека очекуваат момче.

Но, понекогаш животот носи неизмерна болка. Како што вели храбрата мајка, која помина низ многу тешки моменти во последните години, планот на Господ бил да испратат уште едно бебенце во рајот.


„Планот на Господ бил уште едно бебенце да го испратиме во рајот. Да нè чува сите од таму горе и да ги чува сите мајки и бебенца што допрва треба да дојдат на овој свет“, стои во објавата на Шијакоска.

„Малото братче на Риан се роди денес и отсега ќе нè гледа од рајот“, напиша Едмонд на Инстаграм и додаде дека Александра е најсилната жена на светот.


Минатата година парот го доби синчето Риан, за кое Александра објави емотивно писмо на Инстаграм, по повод неговиот прв роденден.

„Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка. Мислев дека си ја пропуштив шансата и дека ќе си заминам без да го почувствувам најубавото чувство на овој свет.


Но Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине. Го преживеавме и тоа, и многу други предизвици по патот, и еве не, денес сме тука.

Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда за никогаш неизгубената верба, волја и сила. Сега имам само една желба, да бидам што подолго покрај тебе, да те сакам и да те научам што значи моќта на добрината“.