Фабио Капело ја анализирал актуелната ситуација во Серија А и според него Милан со досегашните резултати потврдил дека е сериозен кандидат за скудетото.
Интер има три бода повеќе од градскиот ривал, тренерот Макс Алегри постојано потенцира дека главна амбиција на Милан е Топ 4 пласман, но Капело смета дека тоа е само интелигентен потег на искусниот тренер.
– Ако Милан победи со Рома во недела, тешко ќе може да ги сокрие амбициите за титулата.
– Нормално е Макс да го премолчува тоа, премногу е искусен за да заборави колку е опасно да го спомене зборот „скудето“ во јавноста. Падот боли повеќе кога летате високо, па тој зборува за скромна позиција на табелата, но во позадина прави калкулации.
– Алегри заврши одлична психолошка работа со тимот, а показател за тоа е што победуваат и кога не играат добро, или кога имаат резултатска негатива.
– Натпреварите со Рома и Болоња ќе ни покажат каде е местото на Милан, посебно што во истиот период Интер игра со Кремонезе и Пиза, па тоа е простор за правење разлика. Милан мора да остане најмалку на сегашното заостанување и затоа сметам дека ова се одлучувачки натпревари за сезоната, – рекол Капело.








