Босанскиот авантурист Роберт Дацешин објави видео од Кина во кое објасни зошто нема тоалетна хартија во тамошните тоалети. Овој факт изненадува многу туристи.
„Според мене, едно од најчудните нешта со кои се среќаваат патниците кога доаѓаат тука е тоа што се изненадуваат кога ќе влезат во тоалет и ќе сфатат дека никаде нема тоалетна хартија, а можеби веќе почнале со поголемата нужда, а пред да ви објаснам зошто е тоа така, еве како изгледа тоа од самото место“, започнал тој.
Потоа го покажал тоалетот во неговото сместување. Нема тоалетна хартија, а на тоалетната школка има марамчиња.
„Се зема хартија, ако ја има, тука, тука има малку, а таа хартија ја носите таму“, рекол Дацешин. Навел неколку причини. Првата се навиките на луѓето.
„Кинезите имаат навика секогаш да носат марамчиња и салфетки во џебовите, исто како што ние носиме телефони, паричници, жените шминка и слично. Кинезите речиси секогаш имаат марамче во џебот“, рекол тој.
Втората причина е што порано имало тоалетна хартија, но потоа луѓето почнале да ја крадат.
„Во Пекинг, дури имаше и случај кога луѓето масовно краделе хартија и било дозволено да се зема до 60 сантиметри хартија на секои девет минути за да нема такво трошење тоалетна хартија. Ако сте во Кина, немојте да се изненадите кога ќе влезете во тоалетот и нема да видите хартија. Тоа е апсолутно нормално“, раскажал Дацешин.










