[ФОТО] Ѓоковиќ воодушевен од тенискиот класик во втората рунда на АО: „Без старца нема ударца“

Дерби

23/01/2026

07:57

558

Големина на фонт

а а а

Станислас Вавринка играше повеќе од три часа за да го победи Ласло Ѓере во првата рунда на Аустралијан Опен, но рано утрово играше уште повеќе за да го продолжи својот престој на омилениот грен слем турнир.

Швајцарскиот ветеран најави дека за последен пат игра во Мелбурн парк оваа сезона, а иако беше пред пораз во дуелот со Артур Жеа, Стен успеа да пронајде доволно сили за да направи пресврт.

Вавринка ги доби четвртиот и петтиот сет со 7:5 и 7:6 и после речиси пет часа битка се пласираше во третата рунда, успех на кој се израдува и неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ.


– Без старца, нема ударца, – порача Новак на социјалните мрежи, користејќи ја познатата српска изрека за да го апострофира успехот на Стен, неговата победа која ја оствари порано денеска, но и успехот на Марин Чилиќ кој го надигра Денис Шаповалов.

– Да бидам искрен, преморан сум после мечот. Како што кажав претходно, ова е мој последен настап во Австралија и се обидувам да трае што е можно подолго. Имам голема забава на теренот, но ја чувствувам и енергијата од публиката. Не сум млад како порано, па потребна ми е вашата енергија, – порача Вавринка по победата од 3:2 во сетови.