Шокантни вести од Србија: Братот на Немања Видиќ пронајден мртов - Заедно почнале да се занимаваат со фудбал, но Душан се откажал

Точка

21/01/2026

10:55

1.744

Големина на фонт

а а а

Душан Видиќ, браот на Немања Видиќ е пронајден мртов во Белград. Славниот српски фудбалер Немања Видиќ сè уште не се огласил во врска со смртта на братот, а познато е дека во текот на кариерата и по пензионирањето семејството секогаш го штител од очите на јавноста.

Малку се знае за Душан Видиќ, но постојат неколку достапни информации. Првенствено се однесуваат на фудбалската кариера и на неговата желба и обид да се занимава со спортот во кој неговиот брат доминирал.

Кој бил Душан Видиќ?

Според достапните информации Душан и Немања заедно тренирале фудбал во локалниот фудбалски клуб „Jedinstvo Užice“. За разлика од Немања кој продолжил по тој пат остварувајќи долга и успешна кариера, неговиот брат Душан се откажал и решил да се посвети на други нешта.


Во јавноста Немања не зборувал за него, така што не е познато со што точно се занимавал. Исто така на социјалните мрежи не постои ниту една фотографија од Душан бидејќи Немања го криел семејството од јавноста.

Во меѓувреме се огласил некогашниот тренер на Немања од Ужице, Драган Марјановиќ, кој бил шокиран кога слушнал дека Душан е пронајден мртов во Белград. Тој рекол дека ги познава Душан и Немања уште од мали нозе, кога заедно дошле да тренираат фудбал и дека го памети како весел.

„Шокиран сум, ова е трагедија, не знаев за тоа, ова е трагедија, тие се прекрасно семејство. Сè уште го паметам братот на Немања кога првпат дојде со своите родители во нашиот клуб со Немања. Постојано поставуваше прашања, беше љубопитен, весел. Така го паметам“ изјавил Марјановиќ за Блиц. Исто така тој открил дека Душан и Немања биле многу блиски и дека Душан отсекогаш го поддржувал Немања во фудбалската кариера.

„Тој многу го поддржуваше Немања, го знам тоа, беа многу блиски, често се поставуваше себеси и како негов менаџер бидејќи му беше важно Немања да биде успешен во фудбалот. Сè уште не можам да поверувам, тоа е ужасна трагедија“, додал Марјановиќ.


На семејството на починатиот соиграч Немања му купил стан

Колку Немања не сака да се зборува за себе и своите гестови зборува и фактот дека му купил стан на семејството на некогашниот соиграч. Имено на 1 октомври 2001 година по тренингот на „Маракана“, починал Владимир Димитриевиќ, најдобриот пријател на Немања од помлади категории.

Тој колабирал по тренингот и починал на пат кон болницата практично на рацете на Видиќ. Тој останал покрај него до самиот крај во возилото на итната помош, а на семејството на Димитриевиќ му помогнал на два начини. Прво кога во дербито против Партизан во 2002 година по голот го соблекол дресот и ја покажал маичката со ликот на Димитриевиќ, а потоа на девизната сметка на таткото на Владимир уплатил 126.000 евра за да купи стан.


Наводно Недељко Димитриевиќ купил стан број 15 во една заграда за симболично да му испрати порака на Видиќ дека го цени сето она што го направил за неговото семејство.