Ханси Флик за бомбастичната изјава на Чави: Ја знам вистината, но…

Дерби

10/03/2026

16:19

367

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес предизвика огромно внимание во шпанската спортска јавност со експлозивното интервју кое го направи за „Ла Вангардија“, обраќање при кое легендарниот капитен и поранешен тренер на Барселона распали по Жоан Лапорта.

Чави речиси две години се воздржуваше и не даваше никакви изјави за својот крај во Барса, но сега реши да го прекине молкот и тоа го направи на начин кој експресно го направи топ тема во јавноста.

Ернандес го објави Лапорта дека лаже и манипулира со изјавите кои ги дава во јавноста, при што достави и своја верзија за тоа како бил избркан од клубот, но и како Жоан спречил кам-бек на Лео Меси за да има апсолутна моќ во клубот.

Сосема очекувано, Лапорта не се воздржуваше и брзо му одговори на Чави, а сега во средина се најде Ханси Флик кој реши да биде резервиран и да испорача дипломатски одговор.

– Го познавам Чави и ние сме колеги. Имам добар однос со него, седевме заедно и зборувавме за фудбалот. Моите односи со Чави остануваат приватни, не планирам да споделам ништо во јавноста. Ја знам вистината за случајот Чави и тоа ќе го чувам за себе, – изјави Германецот.