Сколс го прекина молкот за контроверзната порака која му ја испрати на Карик и откри која му била намерата

Дерби

10/03/2026

11:43

257

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс се најде на удар во јавноста поради саркастичната и контроверзната порака која му ја испрати на Мајкл Карик по првиот пораз кој го претрпе неговиот поранешен соиграч како менаџер на Манчестер Јунајтед, па поради притисокот кој се создаде, Сколси во продолжение и го избриша Инстаграм сторито.

Легендарниот играч за врска испрати двосмислена порака која многумија ја оценија како „отровна стрела“ за менаџерот по поразот од Њукасл, а Сколс сега реши јавно да се дообјасни и да открие што точно мислел кога кажа дека Карик навистина „има нешто посебно“.

– Мајкл е еден од најфините и најдобри луѓе кои ќе ги сретнете во фудбалот. Тој е последната личност која би сакал да ја нападнам. После тоа, му испратив директна порака и на Карик. Му порачав дека не мислев да го навредам или омаловажам.

– Не морав да го направам тоа, но тој ми порача дека воопшто не бил вознемирен од пораката. Сметам дека луѓето погрешно ја сфатија пораката која ја испратив. Единственото што го кажав е дека Карик успеа да изменаџира добри резултати за тимот и покрај тоа што немаше добра игра на последните четири натпревари, – објаснува Сколс.