Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.
Познато е што и е потребно на Македонија за пласман во Топ 12. Прв услов е победа над Романија, по можност убедлива, а потоа потребен е и убедлив триумф на Данска над Португалија.
По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика +6, а Македонија -12.








