Кошмарна ноќ за Џими: Батлер заработи ужасна повреда и се збогуваше со сезоната уште во јануари

Дерби

20/01/2026

13:28

218

Големина на фонт

а а а

Џими Батлер традиционално го чува најдоброто за плејоф делот од сезоната, но ѕвездата на Голден Стејт сега нема да го дочека доигрувањето во 2026-та година.

Причина за тоа е тешката повреда на коленото која ја заработи рано утрово, а за која сега се дозна дека е од најтежок можен степен од страна на добро информираниот новинар, Шемс Чаранија.

НБА инсајдерот откри дека Батлер за жал го скинал предниот вкрстен лигамент на десното колено при лошиот доскок кој го имаше во третата четвртина од натпреварот со Мајами, па уште во месец јануари става крај на сезоната.

Батлер ќе мора да направи операција во периодот кој следи, а после ќе го чека долга пауза од шест до девет месеци.

Ова е најлоша можна вест за Голден Стејт во период во кој запиша 12 победи на последните 16 натпревари, особено ако се знае дека Џими бележеше просек од 21,3 поени по натпревар од стартот на сезоната.