Алкарас почна да го копира сервисот на Ѓоковиќ, Ноле порача: Му побарав процент од заработката

Дерби

20/01/2026

12:53

304

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше доста расположен за зборување по убедливата победа која ја оствари на стартот на Аустралијан Опен, грен слем кој го почна со сигурно издание против Педро Мартинез.

Српскиот тенисер му препушти само седум гејма на Шпанецот во текот на сите три сета и покажа дека може да игра извонредно на омилениот терен и во 38-та година од животот, а покрај тоа што извлече позитивни заклучоци за своето издание, Ноле го привлече вниманието и со изјавата која ја даде за Карлос Алкарас.

По тренерската разделба со Хуан Карлос Фереро, младиот Шпанец демонстрираше поинаква техника при сервис на стартот на годината, а бидејќи истата неверојатно потсетува на техниката која со години ја користи Новак Ѓоковиќ, Србинот сега му побара авторски права.

– Штом го видов како сервира, веднаш му испратив порака. Му реков дека ќе мора да поразговараме за авторски права……

– Кога дојде тука, му реков дека мора да зборуваме и за процент од неговата заработка. За секој испорачан ас, мора да ми даде процент. Ајде да видиме дали ќе се држи до договорот, – низ смеа изјави Ѓоковиќ.