[ВИДЕО] Ја малтретирал жената во кино, а потоа пред неговите очи се појавил шампион: Ова ќе го памети цел живот

Точка

15/01/2026

21:01

1.446

Големина на фонт

а а а

На снимката јасно се гледа како Барул се обидува да го смири агресивниот сопруг. Меѓутоа, тој не престанувал да зборува и да се заканува – но овој пат се нафрлил на погрешен човек.

Шпанскиот боксер Антонио Барул морал да реагира откако еден маж ја малтретирал својата сопруга во кино. Насилникот лошо поминал кога го забележал Шпанецот. Антонио Барул не е познато име во светот на боксот. Станува збор за 26-годишен Шпанец кој моментално е национален првак во супербантам категоријата и има амбиции за светскиот врв.

Сепак, во моментов Барул е попознат по сцената што се случила пред неколку месеци, поради која многумина му оддадоа признание. Настаните во киното никогаш нема да ги заборави. Неименуван маж ја вознемирувал својата сопруга додека сите други мирно го гледале филмот. Во салата настанале непријатни сцени, а самиот Барул решил да интервенира.

На видеото јасно се гледа како Барул се обидува да го смири агресивниот сопруг. Но, тој продолжил да зборува и да се заканува – и овој пат се насочил кон погрешен човек. Шампионот решил да го научи насилникот на лекција. Следувале жестоки удари, а на крајот насилникот бил нокаутиран. Откако го совладал мажот, боксерот им се извинил на присутните во киното и нагласил дека едноставно морал да реагира.

Неколку дена подоцна, мажот решил да го тужи шпанскиот боксер. Побарал отштета од 90.000 евра. Барањето на неговиот адвокат Барул го одбил. Случајот завршил на суд, а се очекува наскоро да има епилог на целата приказна.