Франција лесно против Чешка, Шпанија ја победи Србија

Макфакс

15/01/2026

20:48

191

Големина на фонт

а а а

Актуелниот европски првак Франција и Шпанија со победи го отворија 17-то Европско првенство во ракомет. Шпанија во А групата ја победи Србија со 29:27, а Франција во Ц групата убедливо славеше над Чешка со 42:28.

Шпанците од очетокот до крајот го контролираа натпреварот против Србија, кој го решија во првиот дел, кога Србите грешеаа во нападот и промашуваа зицери. Исто така, српските ракометари не се прилагодија на критериумот на судиите од Исланд.

Кај Шпанците се истакна Јан Тарафета со шест гола, Абел Сердио имаше четири, а Касадо, Душебаев, Фис и Гомес имаа по три. Најефикасен играч за Србија беше Урош Којадиновиќ со шест гола. Вања Илиќ постигна пет, исто колку и Дарко Ѓукиќ, а Урош Борзаш постигна четири.

Франција, против Чешка влезе како ачсолутен фаворит и таа улога во целост ја оправда. Прашањето на кончениот победник беше решено во раната фаза од натпреварот.

Ричардсон, Пранди и Наи ја предводеа Франција со по шест гола. Кај Чешка подобри од останатите беа Сола и Сироки со по пет гола