Крос не им верува на каталонците: Барселона нема…

Дерби

15/01/2026

08:32

628

Големина на фонт

а а а

Барселона дојде до првиот пехар во натпреварувачката 2025/2026 и тоа оној во Супер Купот на Шпанија кој дефинитивно е на последното ниво по значајност ако се земат во предвид останатите конкуренции и пехари како оние во Копа Дел Реј, Ла Лига и Лигата на шампионите.

Каталонците во претходната кампања ги освоија сите титули во Шпанија и секако желбата, целта е да се повторни истиот резултат, но и да се направи исчекор во ЛШ каде екипата лани беше запрена во полуфиналето.

Овде Барса покажува доста слабости во групната фаза и останува отворено прашање дали има квалитет, способност да отиде напрред во однос на кампањата 2024/2025 што би значело титула, европски врв по пауза од единаесет години.

Тони Крос и во минатото има порачано дека со ваков стил, четата на Флик нема шанси да дојде до таа цел, став на кој се уште стои.

-Барса е среќна поради освоениот шпански Супер Куп, но сега за Барселона доаѓа Лигата на шампионите каде што играат против противници од највисоко ниво. Тие нема да освојат ниту една континентална титула, барем јас така мислам, -порача Германецот.