[ВИДЕО] Рецепт за вирален јапонски чизкејк од само 2 состојки: Кремаст десерт готов за само неколку минути

Точка

15/01/2026

16:42

467

Големина на фонт

а а а

Доколку ви се пријаде нешто слатко, тогаш пробајте го овој рецепт за чизкејк од само две состојки.

Брзиот начин на живот и недостаток на време да постигнеме сѐ што сакаме во текот на денот, нѐ тера некои работи да ги направиме побрзо и да пронајдеме поедноставни варијанти.

Така е и со подготовката на слатки за кои не сакаме да трошиме многу време покрај шпоретот, правејќи филови и подготвувајќи кори за печење, па тогаш овој рецепт за чизкејк којшто станал вирален во Јапонија е совршен за вас.

Едноставен, а кремастата текстура на колачот е лесна верзија од класичниот чизкејк.

Рецептот е исклучително флексибилен, па по желба може да додадете мед, џем, свежо овошје или чоколадо, а најдобриот дел е тоа што подготовката на колачот е само неколку минути.


Состојки:

- 375 грама обичен грчки јогурт;
- 12-16 бисквити;
- 30 грама крем-сирење, може, а и не мора.

Подготовка:

Доколку користите крем-сирење тогаш со миксер соединете го со грчкиот јогурт додека не добиете компактна смеса.

Во садот со грчкиот јогурт распоредете ги бисквитите исправено, оставајќи простор меѓу нив.

Садот откријте го и оставете го во фрижидер најмалку 6 часа, идеално е преку ноќ додека десертот целосно не се стегне. Може да го извадите од калап така што со нож ќе поминете покрај рабовите и ќе го свртите десертот или едноставно може да го јадете од садот.

На здравје!