Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава

Макфакс

15/01/2026

12:16

169

Големина на фонт

а а а

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.

Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.

„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.

Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.

Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.