Нуклеарен бункер сместе на карпа во Јоркшир во секое време би можел да падне во морето.
Изграден во педесетите години на минатиот век среде Студената војна и е еден од повеќе од 280 бункери во Велика Британија дизајнирани да издржат нуклеарна експлозија. Меѓутоа, уште од август еден дел од бункерот ѕирка од глинените карпи.
Аматерскиот историчар Дејви Робинсон изјавил за Би-би-си дека „Holderness Coast“ е еден од најбрзо еродирани брегови во Европа.
„На овој бункер не му преостанува уште долго време, можеби уште само неколку денови“, изјавил Робинсон.
Дејви и неговата сопруга Трејси Чарлтон ги поминале последните неколку денови снимајќи го бункерот од врвот на карпата, очекувајќи во секој момент да падне во морето.
Иако зборовите „нуклеарен бункер“ можат да потсетат на оние што ги изградиле милионерите, со спа центри и кина, бункерот „Tunstall“ е сè само не тоа.
Тоа е нуклеарен пункт за надзор, соголена подземна структура каде некогаш бил стациониран Кралскиот набљудувачки корпус (ROC). Офицерите на сега веќе непостоечките сили на цивилна одбрана живееле и спиеле внатре, чекајќи нуклеарна експлозија за да можат да ги предупредат останатите пунктови.
Поголемиот дел од мониторинг станиците биле запечатени по падот на СССР, а „Tunstall“ бил затворен во 1991 година. Сепак, вандалите успеале да го отворат пунктот во 2002 година, металните остатоци биле расфрлани низ подрачјето, а внатрешноста запалена.
Еден член на истражувачката група во август напишал дека, помеѓу лупечката боја и изложената тула, „наскоро една лоша зима сè ќе исчезне“.

Секоја година брановите на Северното море откинуваат два милиони тони материјал од карпите, што доведува до губење на 23 града од римско време.
Дејви додал дека бункерот „Tunstall“ отсликува колку силна може да биде ерозијата на брегот.
„Цело ова подрачје еродира со голема брзина и гледањето како нешто навистина физичко се движи, само покажува што всушност се случува“, рекол тој. Дневните Јутјуб видеа на овој брачен пар за бункерот собираат илјадници прегледи.











