Зимата носи многу магични моменти со празници, снег на планините, распуст за децата, и многу заеднички семејни спомени. Но, за кожата, овој период може да биде вистински кошмар.
Студениот воздух надвор и сувиот воздух внатре создаваат идеални услови за иритација, дехидрација и уништување на природната бариера на кожата. А кога на ова ќе се додаде и загадениот воздух во урбаните средини може да се предизвика оштетување и забрзано стареење на кожата.

Загадувањето е еден од најголемите непријатели. Честичките од смог и други токсини навлегуваат длабоко во порите, предизвикуваат оксидативен стрес, воспаленија и предвремено стареење. Овие честички ја намалуваат способноста на кожата да се регенерира, предизвикуваат нерамномерен тен, сувост и иритации.

Од друга страна, греењето во затворените простории значително ја намалува влажноста на воздухот што доведува до дехидратација на кожата. Со изложеност на сув воздух подолго време, заштитната бариера на кожата слабее што резултира со чувство на затегнатост, црвенило и зголемена чувствителност.

Кожата не може да се брани од загадувањето ако не е правилно исчистена. Во градовите важно е да се избере благ ама ефикасен начин на чистење кој ќе ги отстрани нечистотиите без да ја наруши природната рамнотежа на кожата. Производите со состојки кои контролираат себум и смируваат воспаленија се идеални за заштита од надворешните фактори. Еден таков производ е Eucerin DermoPure Clinical гелот за измивање кој што нежно ја чисти кожата и го балансира себумот, оставајќи ја кожата свежа.
По чистењето, кожата е подготвена да прими активни состојки кои ќе ја зајакнат и заштитат од надворешните влијанија. Во зима, најдобри сојузници се кремите кои не само што хидрираат туку и ја обновуваат заштитната бариера на кожата. Еуцерин со pH балансирани формули се особено корисни, бидејќи ја помагаат природната одбрана на кожата од штетните услови.
Паралелно, пијте доволно вода, избегнувајте туширање со многу топла вода и постојано седење блиску до радијатори што може дополнително да ја исуши кожата. Со правилна рутина, кожата ќе остане здрава, хидрирана и заштитена од предизвиците што ги носи зимата.
Комерцијален текст














