[ФОТО/ВИДЕО] „Со лесно чичо“: Јутјуберот Мандар и неговата избраничка објавија вест која ќе ви го згрее срцето

Точка

14/01/2026

13:15

1.037

Големина на фонт

а а а

Македонскиот познат јутјубер Васил Мандаровски – Мандар и неговата сакана Дариа објавија среќни вести со македонската јавност, ќе станат родители.

Мандар и Дариа важат за еден од најскладните и најсимпатични млади парови на македонската сцена, а често знаат да ги воодушеват своите следбеници и со забавни видеа, моменти од нивното секојдневие, патувања и спонтани шеги кои го покажуваат нивниот искрен однос, полн со радост и разбирање, барем така делува.


Овојпат младиот пар на социјалните мрежи објави видео од откривање на полот на нивното бебе, а убавата Дариа, идна мајка, под видеото напиша: „Те чекаме принцезичке“.

Под фотографиите и видеото добија многубројни коментари: „Честитки“, „Да е жива и здрава, да расте со мајка и татко“, „Честитки чичо, да сте здрави и живи“, „Со лесно чичо“, „Кога ќе дојде на овој свет малата, да биде убава на мама и јака на тато“, „Мандар го живее сонот, честитки“...


На парот му посакуваме убави моменти исполнети со радост, смеа и безгрижност за периодот којшто им следи и секако – уште многу дечиња кои ќе растат во хармонично семејство.