[ФОТО] Хамерот на Тупак оди на аукција – во состојба во каква што го оставил легендарниот рапер

Точка

12/01/2026

17:02

478

Големина на фонт

а а а

"Hummer H1" на Тупак Шакур од 1996 година зрачи со недопрениот дух на деведесеттите.

Во средината на деведесеттите, раперите почнаа целосно да претеруваат. Поголеми ланци, поголеми придружби, поголеми куќи и, секако, многу поголеми автомобили.

И ништо подобро не го отсликуваше тој момент од "Hummer H1" – воена машина пренаменета за цивилниот свет, совршено вклопена во имиџот на еден од најпознатите рапери на сите времиња.


Овој "H1" е личниот "Hummer" на Тупак Шакур од 1996 година и овој месец оди на аукција во Скотсдејл, во сојузната држава Аризона.

Тупак го купил нов, само неколку недели пред да биде убиен во Лас Вегас, а речиси 30 години подоцна на бројачот има нешто повеќе од 10.000 милји (околу 16.000 километри), пишува „CarScoops“.


Речиси недопрена од времето на сопствеништвото на Тупак останала и раскошната внатрешност, дизајнирана во типична комбинација за деведесеттите – со беж кожа и лакирани дрвени детали.

Тоа е амбиент каков што би го очекувале, на пример, во "Jaguar XJ", но ова сепак не е господска лимузина. Под сиот тој сјај и понатаму се крие основниот "Humvee" – „monster truck“ каков што го користела американската војска.


Мрзеливо дизел возило

За разлика од луксузните SUV модели што денес ги возат хип-хоп ѕвездите, со моќни бензински V8 мотори, "H1" на Тупак имал огромен 6,5-литарски дизел агрегат.

И покрај големата зафатнина, моторот развивал само 208 коњски сили, но и дури 597 Nm вртежен момент при само 1.800 вртежи во минута.


Неговиот современ електричен наследник, "GMC Hummer EV", забрзува од 0 до 100 km/h за нешто повеќе од три секунди, но на моделот "H1" од деведесеттите, според тогашните податоци, за истата брзина од место му биле потребни пет до шест пати повеќе време.

Аукциската куќа „Bonhams“, која ќе го понуди овој "Hummer" на 23 јануари, не објави очекувана цена, но возилото би можело да достигне висока продажна сума.


Од друга страна, можеби и не: овој теренец веќе бил понуден на продажба во 2016 година, кога чеканот удрил во момент кога лицитираната цена изнесувала околу 340.000 долари, но победникот на аукцијата тогаш се откажал од купувањето.

Сега "H1" повторно се враќа на пазарот, а пазарот ќе одлучи колку навистина вреди оваа автентична реликвија од историјата на хип-хопот.