[ФОТО] По апсењето поради дрога, турскиот актер се вратил во Италија

Точка

12/01/2026

10:54

1.127

Големина на фонт

а а а

Турскиот актер Џан Јаман, кој бил пуштен на слобода откако бил уапсен во Истанбул во рамки на истрагата за дрога, објавил фотографија на социјалните мрежи направена пред римскиот Колосеум, со што го соопштил своето враќање во Италија, каде што е многу популарен поради улогите во повеќе ТВ серии.

Јаман објавил и порака упатена до италијанските медиуми, во која истакнал дека турскиот печат секогаш бил „злобен“ кон него, за разлика од италијанскиот, пренесе ТВ РАИ.

Актерот додал дека тоа, сепак, не е ништо ново, и ги повикал италијанските медиуми „да не направат грешка и да копираат вести што доаѓаат од Босфорот“.


„Дали навистина мислите дека го поминувам времето по клубови со дрога во момент кога полицијата спроведува масовни претреси и апси многу познати луѓе? Ако тоа беше барем приближно точно, немаше да бидам толку брзо пуштен и немаше да можам да се вратам во Италија веќе следниот ден. Ве сакам“, ѝ порачал Јаман на италијанската публика.

Актерот бил уапсен во саботата заедно со уште шест лица, меѓу кои и актерката Селен Горгузел, во рамки на истрага за трговија и консумирање дрога меѓу познати личности во Истанбул.


Турските медиуми објавија дека Јаман е исклучително популарен во Италија поради неговите главни улоги во неколку хит ТВ серии, вклучувајќи ја и неодамна емитуваната „Сандокан“, но и поради одличното познавање на италијанскиот јазик, бидејќи посетувал италијанско средно училиште во Истанбул, како и дека кај него биле пронајдени две дози дрога.


По повеќе анализи на Институтот за судска медицина, со цел да се утврди дали, кога и кои дроги ги користел, актерот бил пуштен на слобода.