Ѕвездата на филмот „Сам дома“ пред Божиќ фатен како изнајмува проститутка

Точка

10/01/2026

17:03

1.646

Големина на фонт

а а а

Пред почетокот на празничната сезона, 68-годишниот актер Даниел Стерн, најпознат по улогата на Марв во божиќниот филм „Сам дома“, бил казнет и речиси уапсен бидејќи сакал да изнајми проститутка.

Полицијата во округот Вентура соопштила дека Стерн бил казнет поради наговорување на проституција.


Според полициски документи до кои дошол „TMZ“, Стерн бил во хотел во Камарило, Калифорнија. Се наведува дека на крајот не бил уапсен, туку само добил казна. Сето тоа се случило на 10 декември, во пресрет на празничната сезона во која токму неговиот хит „Сам дома“ повторно се прикажува на малите екрани повеќе од 30 години по ред.

Во Калифорнија, плаќањето проститутка е прекршок, а казната може да биде до шест месеци затвор или парична казна од илјада долари доколку бидат осудени, пишува „New York Post“.


Овој инцидент се совпаѓа со периодот кога Стерн добил задача да помогне во уредувањето на познатата куќа во која е снимен филмот „Сам дома“ во предградието на Чикаго. „Добив повик од луѓето кои ја поседуваат куќата од филмот ’Сам дома‘. А јас сум вајар, ме прашаа дали би направил скулптура за куќата. Затоа создавам скулптура од мене и пајакот“, изјавил на Бадник за „People“.


Инаку Стерн имал неколку инциденти во последните неколку месеци во округот Вентура, нешто подалеку од Лос Анџелес. Во октомври беше објавено дека итно бил пренесен во болница откако локалната противпожарна единица реагирала на случај во станбен објект во Сомис поради медицинска итност.