Најповолните дестинации за одмор во 2026 година: Можете да преспиете во хотел за помалку од 129 евра

Точка

10/03/2026

20:26

533

Големина на фонт

а а а

Цената на сместувањето е еден од важните фактори при изборот на идеална дестинација за патување и одмор. Според новите податоци од американската туристичка платформа „Expedia“, најпристапните дестинации се оние каде што просечната цена за ноќевање во хотел е помала од 150 американски долари, односно 129 евра.

Во рамките на Соединетите Американски Држави, листата на најприфатливи дестинации за 2026 година според „Expedia“ вклучува помали градови и места далеку од познатите туристички места – од Лафлин и Рино во Невада, преку Бејкерсфилд во Калифорнија до Ел Пасо во Тексас.

Ова се места каде што можете полека да истражувате природни убавини, национални паркови, прекрасна архитектура и уметност, но и да уживате во локалната гастрономија без (пре)високи трошоци.


На врвот на меѓународната листа на најприфатливи дестинации за посета во 2026 година, според „Expedia“, се наоѓаат популарни и помалку познати места што туристите сè уште не ги откриле – од Јужна и Северна Америка и Азија.


На врвот на листата е Салвадор – град на североисточниот брег на Бразил и главен град на државата Баија, кој се гордее со прекрасни песочни плажи, богата култура и историја.


На листата се наоѓаат и два мексикански града – Гвадалахара и Мерида, познати по своите историски центри и богата гастрономска сцена.

Љубителите на добрата храна и возбудливиот ноќен живот ќе уживаат и во Бангкок, Куала Лумпур и Хо Ши Мин, кои исто така се на оваа листа, а каде што во просек можете да спиете за помалку од 129 евра по ноќ.


10-те најприфатливи меѓународни дестинации за 2026 година според порталот „Expedia“:

✈️ Салвадор, Бразил

✈️ Гвадалахара, Мексико

✈️ Богота, Колумбија

✈️ Мерида, Мексико

✈️ Хо Ши Мин, Виетнам

✈️ Сао Паоло, Бразил

✈️ Бангкок, Тајланд

✈️ Едмонтон, Канада

✈️ Куала Лумпур, Малезија

✈️ Санто Доминго, Доминиканска Република.