Доктор советува - намирница која треба да ја јадете секое утро, го намалува ризикот од канцер на дебело црево

Точка

11/03/2026

09:07

1.025

Големина на фонт

а а а

Знаете што велат: еден јогурт на ден го држи докторот подалеку од куќата?! Иако оваа народна поговорка не звучи вака во оригиналната верзија, новите откритија од медицинските истражувања можеби ќе го променат тоа.

Исхраната игра важна улога во одржувањето на здравјето на цревата, а според д-р Џастин Стебинг, редовната консумација на една едноставна храна може да помогне во намалувањето на ризикот од одредени форми на рак на дебелото црево. Овој професор по биомедицински науки, од Универзитетот Англија Раскин, предупреди дека во последниве години има зголемување на случаите на рак на дебелото црево кај луѓе под 55 години. Нездравите навики во исхраната, особено зголемената консумација на преработена храна, играат значајна улога во овој тренд.

Според него, новите истражувања сугерираат дека јадењето јогурт може да има позитивен ефект врз цревниот микробиом. Цревниот микробиом е вклучен во варењето, влијае на имунолошкиот систем и може да игра важна улога во развојот на болести.

Одржувањето здрава рамнотежа на бактерии помага во намалувањето на воспалението, што е еден од факторите поврзани со развојот на ракот. Јогуртот содржи живи култури на корисни бактерии, вклучувајќи „Lactobacillus bulgaricus“ и „Streptococcus thermophilus“, кои можат да помогнат во одржувањето на оваа рамнотежа во цревата, објавува theconversation.com.

Резултатите од научна студија спроведена во текот на неколку децении, во која учествувале повеќе од 150.000 луѓе, покажала врска помеѓу консумирањето две или повеќе порции јогурт неделно и намалениот ризик од развој на одредена агресивна форма на рак на дебелото црево. Сепак, експертите нагласуваат дека јогуртот сам по себе не може да го спречи ракот.


Здравиот начин на живот, избалансираната исхрана, физичката активност и избегнувањето на штетните навики остануваат клучни фактори за одржување на здравјето и намалување на ризикот од заболувања. Исхраната што вклучува редовен внес на јогурт е поврзана и со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, како и со пониско ниво на крвен притисок.