Начинот на којшто Грците прават компир салата е фантастичен: Друг рецепт нема да ви биде потребен

Точка

10/03/2026

15:00

426

Големина на фонт

а а а

Грчката компир салата е совршено решение за сите оние кои постат, а потребен им е здрав и избалансиран оброк.

Грците имаат најквалитетна намирница, па поради тоа нивните оброци се превкусни. Начинот на којшто ја подготвува компир салатата е фантастичен.

Состојки:

🍠Млади компирчиња;
🍠Чери доматчиња;
🍠Кромид;
🍠Маслинки;
🍠Пиперка;
🍠Зачински билки;
🍠Маслиново масло;
🍠Црвен оцет;
🍠Сенф;
🍠Сушено оригано;
🍠Лукче;
🍠Кора од лимон.

Додаток на протеини: Варени јајца или туна или леблебии.


Подготовка:

Ставете го излупениот компир во солена вода, па на рингла да се вари.

Кога ќе се свари, исцедете го, па ставете го малку да се излади.

Исечкајте го компирот на парчиња.

Направете дресинг од маслиново масло, оцет, сенф, оригано, сол и бибер.

Додадете ја кората од лимонот и лукот.

Дресингот прелијте го над компирите.

Додадете ги чери доматите, кромидот, маслинките, зачините, може да додадете и фета сирење.

На здравје!