Игор Тиаго пристигна како рекордно засилување за Брентфорд во 2024-та година за сума од 30 милиони фунти, но после ужасната прва сезона која ја имаше во Англија поради повредата на коленото, малку кој очекуваше дека Бразилецот ќе има учинок каков што има сега во месец јануари 2026-та година.
Бразилецот без никаков сомнеж е сензација и хит на сезоната во англиската елита, а доказ за тоа е и рекордот кој го постави со вчерашните два гола против Сандерленд.
По хет-трикот против Евертон пред неколку дена, Тиаго постигна уште два вчеравечер против Сандерленд, па така стигна до бројката од 16 премиерлигашки погодоци од стартот на сезоната.
Ова е најдобриот учинок на еден бразилски фудбалер во една премиерлигашка сезона, а Тиаго пред себе има уште речиси цела полусезона да го подобри овој биланс за уште погодоци.
Досега, рекордот го држеа тројца бразилски фудаблери со по 15 постигнати погодоци во една сезона, а тоа се Роберто Фирмино, Матеус Куња и Габриел Мартинели.
Од вчера, хит играчот во Премиер лигата е нов рекордер, а неговата приказна е уште поневеројатно ако се земе во предвид трнливиот пат кој го имал во обидот да стане професионален фудбалер.
Тиаго го загубил својот татко на 13 години и бил приморан да разнесува овојше уште како дете, потоа неколку години работел како ѕидар, но дури и како професионален играч, мораше да игра во вториот тим на Лудогорец од Бугарија за да се докаже како голем потенцијал.
Откако го направи тоа и издоминира во Бугарија, Игор продолжи да напредува во Белгија во Клуб Бриж, од каде направи рекорден трансфер во Брентфорд за 30 милиони фунти.
Од денешна гледна точка, Бразилецот вреди најмалку двојно повеќе, па јасно е дека „пчелите“ добија гаранција во нападот со оглед на тоа што Тиаго има само 24 години.
A history-making night for Igor Thiago, and he has 17 matches left to extend his record! pic.twitter.com/NSyAY5YEpJ
— Premier League (@premierleague) January 7, 2026










