Ова ќе минеше без казна пред ВАР ерата: Кин со валкан потег ја активираше видео-технологијата и доби црвен картон

Дерби

08/01/2026

14:31

822

Големина на фонт

а а а

Вулверхемтон освои барем бод на трет натпревар во низа во Премиер лигата, а вчера тоа го направи на незгодното гостување кај Евертон.

„Волците“ успеаја да го неутрализираат почетниот гол на Мајкл Кин и израмнија на 1:1, па во завршницата беа и ривал кој бркаа победа по исклучувањето кое го заработи стоперот на домаќините.

Кин го отвори натпреварот со добри шанси да биде херој, но на крајот малку фалеше да биде трагичар поради потег кој ретко се гледа на фудбалските терени.

Дефанзивецот реагираше навистина лукаво и направи прекршок кој никој не го забележа, но во дадениот случај, очигледно заборави дека во вакви ситуации може да се вклучи ВАР.

Кин го повлече за коса Емануел Арокодаре во обидот да добие воздушен дуел, но откако се вклучи видео-технологијата, стоперот беше испратен на предвремено туширање и оваа негова тактика се покажа како целосно залудна.