Фризерката Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани, има уникатен талент – таа со години изработува портрети од коса.
Светлана ги изработува портретите на подот од своето фризерско студио, откако ќе си замине и последниот клиент, а крајниот резултат секогаш е неверојатен.
Еден од последните портрети кој го направи е оној на истакнатиот македонски актер Петре Прличко, кој ги воодушеви не само нејзините следбеници туку и Игор Џамбазов, внукот на Прличко. Тој го сподели видеото и на својот профил.
„Портрет на легендата на македонското глумиште, Петре Прличко. Направив комбинација од повеќе негови фотографии и го добив ова дело. Колку успеав да го доловам ликот сè уште не сум сигурна…“, напиша таа на Фејсбук, каде сподели и неколку фотографии од своето дело.

Низ годините, Светлана направи многу портрети на наши и странски јавни личности како Лила Филиповска, Венко Филипче, Игор Џамбазов, Јелена Карлеуша, Новак Ѓоковиќ, Анџелина Џоли, Лионел Меси и многу други.














