[ВИДЕО] Внуката (18) на Доналд Трамп ги изненадила сите со ставот за политиката

Точка

07/01/2026

16:51

2.568

Големина на фонт

а а а

Каи Трамп, 18-годишната внука на Доналд Трамп, привлекла големо внимание по гостувањето во популарниот поткаст „Impaulsive“ на Логан Пол.

Во разговорот изнела неколку неочекувани ставови за политиката, а особено одекнала нејзината јасна порака дека не сака да има никаква врска со политичка кариера.

Младата и успешна голферка, која годинава ќе се запише на Универзитетот во Мајами, отворено признала дека е свесна за тежината на семејното презиме, но дека во тој контекст не се гледа себеси како идна политичарка.

„Политиката е опасна работа“

Иако доаѓа од едно од најпознатите политички семејства во светот, Каи – ќерка на Доналд Трамп Помладиот и Ванеса Трамп – рекла дека нема амбиција да тргне по стапките на својот дедо.

„Да бидам искрена со вас, целосно се држам подалеку од политиката. Никогаш не би се кандидирала … Не сакам да имам никаква врска со политиката затоа што сметам дека политиката е толку опасна работа“, истакнала Каи.

Повик на умереност

Таа смета дека општеството станало премногу поларизирано, а решението го гледа во компромис и во барање заедничка точка.

„Мислам дека, кога би се нашле двете страни на средина, сите би биле многу посреќни“, порачала таа, додавајќи дека сè повеќе луѓе одат во крајности: „Постои радикална левица, радикална десница … многу луѓе стануваат премногу екстремни“, додала таа.


За дел од проблемот ги обвинува и социјалните мрежи, кои, како што рекла, дополнително ги поттикнуваат поделбите. „Тука социјалните мрежи навистина се вмешуваат, бидејќи твојот ’feed‘ оди на една или на друга страна. Нема многу работи каде што си баш на средина, мислам дека тоа некои луѓе ги излудува“, објаснила таа.

Иако нагласила дека секогаш ќе го поддржува своето семејство, рекла дека себеси се гледа како личност од центарот. „Нема зла крв. Јас сум на средина, така е како што е. Левицата и десницата беа една против друга на изборите, но јас очигледно ќе го поддржам мојот дедо затоа што тој е моето семејство“, додала таа.


„Најинтелигентна во семејството“

Нејзините изјави брзо се прошириле на социјалните мрежи и предизвикала низа позитивни реакции, а многумина ја пофалиле нејзината зрелост и начинот на размислување. „Каи Трамп овде делува промислено и зрело – паметен потег е да остане неутрална по прашањето на политиката на нејзина возраст“, напишал еден корисник.


Друг додал: „Таа очигледно е најинтелигентната во семејството. Пред неа е светла иднина“.

Непријатни состаноци со присуство на Тајната служба

Каи за време на разговорот се осврнала и на животот под постојана заштита на агентите на Тајната служба, што понекогаш ѝ создава непријатни ситуации, особено кога станува збор за приватниот живот.

„Да бидам искрена со вас, навистина е непријатно кога одите на состанок со момче, а тие се две маси зад вас“, признала таа.


Додала дека се обидува да се навикне на тоа, особено по минатата година: „Се трудам да не ми пречи. Особено минатата година, откако повторно стана претседател, морав да научам дека ме следат, но и да се фокусирам на тоа да се однесувам како да ги нема“.