[ФОТО] Секси Хрватката на забавата на Трамп: Ова никој не го очекувал

Точка

03/01/2026

20:06

4.502

Големина на фонт

а а а

Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, стекнала голема популарност со учеството на изборот за Мис Универзум 2025.

Иако победата ја однела Мексиканката Фатима Бош, верните обожаватели на натпреварувањето добро го запомниле убавото лице на Хрватката.


Малку е да се каже дека специфичната убавина на Лаура многумина ги воодушевила, па не е чудо што медиумите и ден-денес ја следат. Со оглед дека е активна на социјалните мрежи, имавме можност да видиме како мисицата ја дочекала Новата година.


Верувале или не, Лаура присуствувала на новогодишната забава на семејството Трамп, која се одржала во одморалиштето Мар-а-Лаго на Флорида. Треба да се спомене дека првата дама на САД, Меланија Трамп, ги воодушевила сите присутни со секси фустанот.

Но, да се вратиме на темата…

Лаура ги објавила фотографиите од таа вечер на Инстаграм, а ние имавме можност да го видиме нејзиниот беспрекорен стајлинг за најлудата ноќ во годината. Имено носела сив фустан што ја следи линијата на телото, а ја истакнал нејзината манекенска градба.


Стајлингот го надополнила со едноставна шминка и едноставни аксесоари. Судејќи според објавата, Лаура уживала на забавата на Трамп, а нејзината убавина дошла до израз во ова празнично издание.