Нетфликс потврди: Пристигнува шестата сезона на серијата „Emily in Paris“

Точка

06/01/2026

17:39

809

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на популарната серија „Emily in Paris“ имаат причина за славење.

Имено на почетокот од оваа недела Нетфликс потврди дека серијата со Лили Колинс во главната улога се враќа со шеста сезона.

Веста пристигнува само неколку недели по премиерата на петтата сезона, која на стриминг платформата пристигнала на 18 декември.


Нетфликс ја најави веста за новата сезона на социјалните мрежи со симпатично видео во кое Колинс дува свеќичка во форма на бројот шест на кроасан. „Доме, сладок доме, „Emily in Paris“ се враќа со 6-та сезона“, пишува во објавата.

Петтата сезона во Топ 10 серии на Нетфликс на англиски јазик

Одлуката за продолжување не изненадува со оглед на импресивниот успех на најновите епизоди. Петтата сезона за само 11 дена од објавувањето собрала 26,8 милиони прегледи ширум светот.


Исто така го зазела второто место на глобалната Топ 10 листа на Нетфликс за серии на англиски јазик и влегла меѓу десетте најгледани во 91 земја, а во 24 од нив, вклучувајќи ја и Франција, била на самиот врв.

За што се работи во петтата сезона?

Потсетуваме, петтата сезона ја следи Емили Купер, на која ѝ се чини дека „сè се наместило“ во Италија, но „деловната идеја тргнува наопаку, а последиците се прелеваат во скршено срце и назадување во кариерата“, се наведува во официјалниот синопсис.

Финалето на сезоната ги остави гледачите во неизвесност, со Емили пред одлука дали да остане во Рим со своето италијанско момче или да се врати на животот во Париз.