[ВИДЕО] Вознемирувачка снимка од Кран-Монтана: Таванот гори, а гостите се смеат и снимаат со телефони – „Ова не е неодговорност, ова е губење на чувството за реалност“

Точка

05/01/2026

21:56

4.208

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се споделува вознемирувачка снимка од луксузното швајцарско скијалиште Кран-Монтана, која повторно го отвора прашањето за одговорноста и однесувањето во кризни ситуации.

Видеото, кое молскавично се прошири на Инстаграм ги прикажува моментите на избувнувањето на пожарот во популарниот угостителски објект, кој многумина веќе го нарекоа „бар на смртта“.

Она што особено ја шокираше јавноста не се пламените јазици – туку реакцијата на луѓето кои во тој момент се нашле внатре.


Снимката ја направиле млади посетители на клубот, а на неа јасно се гледа како таванот над шанкот се запалил токму во моментот кога персоналот поминува низ просторот носејќи шишиња шампањ со запалени прскалки. Искрите, кои требало да бидат дел од забавата и луксузното доживување, за секунда се претвориле во сериозна закана.

Во настанатиот хаос, додека огнот се шири над главите на гостите, еден млад човек се обидува импровизирано да реагира – ја соблекува маицата и се обидува со неа да го изгаси пламенот. Во позадина се слуша паничен извик: „Гори, гори!“, но тој крик на предупредување како да не допира до сите. Дел од гостите продолжуваат да танцуваат, музиката не престанува, а некои, наместо кон излезот, посегнуваат по телефонот.

Токму тие моменти предизвикаа најголемо згрозување во јавноста. Наместо бегство, предупредување на другите или помош при евакуација, поединечни посетители ги снимале сцените, како да станува збор за уште еден „вирален момент“, а не за потенцијално смртоносна ситуација. Видеото набрзо предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а истото го сподели и д-р Марко Јовашевиќ, српски психотерапевт.


„Таванот гори, луѓето се смеат, ги вадат телефоните и снимаат.

Не затоа што не ја гледаат опасноста. Туку затоа што се научени сè прво да го претворат во содржина за социјалните мрежи.

Инстинктот повеќе не вели: „Бегај“. Инстинктот вели: „Снимај“.

Ова не е неодговорност. Ова е губење на чувството за реалност.

Кога снимката од камерата ти е поважна од телото, кога виралноста е посилна од стравот, кога опасноста личи на „врвен луд клип“, тогаш не живееш во слободен свет. Живееш во свет во кој инстинктот е заменет со алгоритам.

Најстрашното на оваа снимка не е огнот. Најстрашни се смеата, кикотењето и зафрканцијата.

Затоа што општество што се смее додека гори, повеќе не го препознава сигналот за живот.

И тоа нема врска со младите. Има врска со светот што го создадовме, а кој младите ги учи на тоа“, стои во описот на објавата на д-р Јовашевиќ.