Министерот Александар Николоски ги честиташе Божик и Бадник со ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција.
Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божик.
Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!
За многу години Божик и Бадник“, напиша Николоски во објавата на Фејсбук.








