Легендарниот Милер го подбра Дончиќ за играта во одбрана: Погледнете го што прави…

Дерби

02/01/2026

10:58

169

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс ја заврши 2025-та година со пораз на домашен терен од екипата на Детроит, па и покрај тоа што Лука Дончиќ имаше најдобри офанзивни бројки на овој натпревар, словенечкиот суперстар доби критики од една НБА легенда за својата игра во одбрана.

Словенецот останува водечки стрелец во најсилната кошаркарска лига во светот од стартот на сезоната (има просек од 33,5 поени), но играта во одбрана и натаму е елемент за кој добива безброј забелешки.

Последен во низата е и Реџи Милер, кој отворена коментираше една акција во која Дончиќ изгледаше помалку смешно на натпреварот со Детроит.

Доддека Џејлен Дурен од Пистонси го напаѓаше кошот и испраќаше удар, Дончиќ стоеше настрана и ги крена рацете во ситуација кога можеше да помогне во одбрана.

– Погледнете го Лука. Лука, би било во ред малку да се помрднеш и да помогнеш во одбрана. Наместо да го прави тоа, ги крева рацете во вис, ова за мене би било фрустрирачки, – порача Милер.