Ви-Џеј Еџкомб беше херој за Филаделфија на последниот меч во 2025-та година кога погоди тројка во финишот против Мемфис, а рано утрово ја отвори новата 2026-та година со уште еден импресивен потег.
Покрај тоа што е извонреден во фаза на офанзива, 20-годишниот Еџкомб го привлекува вниманието и со своето залагање во одбрана, па така сега режираше и потег кој е хит број еден во Америка.
НБА дебитантот се наметнува како играч кој може да биде сензација на сезоната, а доказ за тоа е и двојната блокада која ја режираше во ист скок.
Ви-Џеј демонстрираше завидни атлетски способности во дуелот против Далас, потег кој е избран за убедливо најдобар во вечерта од страна на медиумите во Америка.
Филаделфија го добие мечот против Далас со резултат 123:108, а Еџкомб го заврши истиот со 23 поени зад своето име.
VJ Edgecombe blocked the same shot TWICE 🤯🤯 pic.twitter.com/t5N7gOgI7g
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2026







