Првиот ден од годината донесе кандидатура за одбрана на сезоната во Премиер лигата

Дерби

02/01/2026

11:52

207

Големина на фонт

а а а

Дин Хендерсон не доби вистинска шанса во Манчестер Јунајтед, но како голман кој ја брани четвртата сезона во Кристал Палас, успеа да стекне статус на првотимец кој редовно е меѓу стативите.

Англискиот чувар на мрежата е недопирлив стартер на сите натпревари во Премиер лигата, а вчера во првиот ден од годината достави кандидатура за одбрана на сезоната.

Кристал Палас ја потврди лошата форма и беше блиску до пораз од Фулам на домашен терен, но такво нешто не видовме само благодарение на страшниот рефлекс на Хендерсон.

Кастањ се најде во стопроцентна шанса во 91-та минута, но кога сите ја видоа топката во голот по силниот удар, Хендерсон режираше чудесна одбрана и го сочува голот на Кристал Палас.

Англискиот репрезентативец се отвори како „откопод“ и интервенираше со левата рака, па оваа одбрана доби признание и од Премиер лигата.