Пеп за повратникот во тимот: Доволни му беа 45 минути за да покаже дека е најдобар во светот

Дерби

02/01/2026

11:12

297

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола никако не може да биде задоволен од реализацијата на неговите фудбалери на „Стадионот на светлината“, но ситуацијата дефинитивно е целосно поинаква кога е во прашање играта на тимот.

Сити беше подобар тим и направи се што е потребно за да постигне гол, но едноставно гостите не реализираа неколку стопроцентни шанси и новата година ја стартуваа со реми.

Савињо, Гвардиол и Доку не успеаја да го пробијат последниот бедем пред одбраната на „црните мачки“, но по натпреварот, Пеп Гвардиола испорача посебни комплименти за повратникот во тимот, поранешната „Златна топка“ Родри.

Шпанецот последно беше стартер против Монако на 1-ви октомври, а три месеци подоцна, доби шанса во вторите 45 минути и покажа класа со своето влијание кое го имаше врз тимот.

– Родри го промени текот на мечот со влегувањето во игра. 45 минути му беа доволни за да покаже дека е најдобар во светот на својата позиција. Страдавме во првиот дел, но кога влезе Родри, тоа беше поинаку. Полесно ја пробивавме нивната линија, добивме стабилност и флуидност, имавме повеќе шанси и се движевме подобро. Една ипол година сме без него, тој многу ни недостасуваше, па сега се надеваме дека долго ќе уживаме во него. Со него на теренот сме далеку подобар тим, – порача Гвардиола кој даде коментар и за ремито.

– Јас сум горд и пресреќен за тоа како изгледаше мојот тим. Одигравме извонредно на овој тежок стадион против исклучително добар противник. Направивме се што е потребно да победиме, но на крајот не успеавме во тоа. Не сум фрустриран, доволно сум возрасен за да прифатам било каков резултат во фудбалот, – изјави Пеп.