Милиметри го делеа Гвардиол од гол на годината уште на 1. јануари

Дерби

02/01/2026

10:55

147

Големина на фонт

а а а

Јошко Гвардиол беше еден од играчите кои влегоа во игра во второто полувреме на „Стадионот на светлината“, а навистина малку фалеше Хрватот да биде „џокерот“ на Пеп Гвардиола на тешкото гостување.

Манчестер Сити создаде доволно шанси за да постигне барем еден гол, но топката едноставно не сакаше да заврши зад грбот на голманот Руфс, кој во вториот дел имаше и малку среќа.

Гвардиол најпрво не искористи една стопроцентна шанса во 65-та минута кога биеше директно во Руфс, но десет минути подоцна, малку фалеше да го постигне голот на кариерата, односно погодокот на годината уште на 1-ви јануари.

Дефанзивецот доби офанзивни задачи по влегувањето во игра и често беше во шеснаесетникот на Сандерленд, па во една ситуација успеа да испрати шут од невозможна позиција и сантиметри го делеа од ремек-дело.

Топката на крајот заврши во дирекот и резултатот остана непроменет, а конечните 0:0 носат добра вест за Арсенал кој сега има плус четири на првенствената табела.

Видеото погледнете го ТУКА.