Уште една страшна партија на Ленард, ЛА Клиперс славеа против Јута

Макфакс

02/01/2026

09:41

146

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Клиперс, изминатата ноќ ја победија Јута со 118:101 благодарение на уште една феноменална партија на Кавај Ленард.

Откако постигна 41 поен против Хјустон, 28 против Портланд, 55 против Детроит, 33 во Сакраменто, Леонард блескаше против Јута со 45 поени.

Харден го следеше со 20, Николас Батум додаде 14, што беше повеќе од доволно за шестата последователна победа на Клиперси, кои се во најдобра форма од почетокот на сезоната.

Тие се уште се надвор од плеј-ин зоната, но се најблиску до неа од почетокот на сезоната, која ја започнаа катастрофално, но сега се во голем налет и се чини дека е само прашање на време кога ќе го заземат местото што им припаѓа. Клиперси го решија мечот во последниот период, на почетокот од четвртината, постигнаа седум последователни тројки.

Гостите не може повеќе без тројца од стартната петорка: Лаури Марканен, Јусуф Нуркиќ и Кијонте Џорџ.

Во нивно отсуство, Кајл Андерсон се истакна со 22 поени, што е негов прв натпревар од 20+ поени по речиси три години, потоа Брајс Сенсабо со 20 и Коди Вилијамс со 18 поени. Исаија Колиер додаде 16 поени и 10 скока.

Џез го претрпеа шестиот пораз во последните осум натпревари.

Сигурни победи синоќа постигнаа Бостон против Сакраменто на гости (120:106) и Филаделфија исто така како гостин против Далас (123:108).

Кај Селтикс, Џејлен Браун, и покрај катастрофалните 1/9 во шутот за три поени, успеа да го заврши натпреварот со 29 поени (вкупно 11/25 од поле). Тој беше еден од седумте „двоцифрени“ поени кај победниците.

Дерик Вајт постигна 16 поени, колку што постигна и Пејтон Причард, Сем Хаузер имаше 15 (5/7 за три поени), Анферни Симонс додаде 14 (4/7 за три поени), Нимијас Кета 13. Демар ДеРозан беше најефикасен во поразениот тим со 25 поени, Денис Шредер имаше 18, но тоа не беше доволно за Кингс да го избегнат деветтиот пораз во последните 11 натпревари.

Во натпреварот помеѓу Далас и Филаделфија, Тајрис Макси се истакна со 36 поени, 10 асистенции и осум скока, што, заедно со 22-та поени на Ембиид и уште една одлична игра на дебитантот, Ви Џеј Еџкомб, беше доволно за победата во Тексас.