Антонио Конте располага со нависитна лимитиран број на фудбалери во последно време поради низата повреди кои се поклопија во ист временски интервал, но исто така, може слободно да се заклучи дека италијанскиот стручњак верува само на едни исти играчи, меѓу кои е и Елиф Елмас.
Конте ретко експериментира со играчи кои немаат големо искуство и не им дава голема шанса на младите фудбалери кои му стојат на располагање, одлука која го натера агентот Марио Гиуфреди да распали по предводникот на наполитанците.
Претставникот на двајца претставници од првиот тим на Наполи го крена гласот против тренерот, па сега останува да видиме каква ќе биде разврската и дали Лука Маријанучи и Џузепе Амброзино ќе останат под Везув.
– Нема да дозволам да трпам јавни напади за одлуки кои се шокантно смешни. Ако на Конте му недостасува храброст да користи млади играчи, тогаш тоа е негов проблем. Алегри игра со Бартезаги кој беше дел од младиот тим на Милан кој испадна од лигата, Бернаскони играше за У-23 тимот на Аталанта, а беше стартер и со Јуриќ и со Паладино. Пио Еспозито добива редовно шанса во Интер од Киву, а Гасперини му даде шанса на играч роден во 2009-та година.
– Конте треба да одлучи дали Маријанучи и Амброзино ќе останат играчи на Наполи. Ако се веќе таму, мора да има храброст да им даде некој шанса и да ги искористи за тимот. Не може да продолжи да ги држи како заложници, веќе постигнавме договори со Кремонезе и Венеција за трансфери на овие играчи, но Конте во последниот месец одбива да одобри било каква продажба, – открива Гиуфреди.








