Зимските олимписки игри се на програмата во месец февруари, но на неполни три недели пред стартот на возбудувањата, македонскиот олимписки комитет ги одреди имињата на спортистите кои ќе ги гледаме во различни дисиплини.
Македонскиот олимписки тим за зимските игри во Милано Кортина брои четири натпреварувачи, двајца во нордиско скијање и двајца во алпско скијање.
– Тимот е подготвен! Ги имаме нашите претставници за Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026!
– Патуваме за Италија со четири потврдени олимписки квоти и тим подготвен да даде максимум на снегот. Честа да ги носат националните олимписки обележја ја имаат:
Нордиско трчање:
Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км
Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом
Зимските олимписки игри стартуваат на 6-ти февруари, а завршната церемонија е закажана на 22-ри истиот месец.








