Маестро Лука во акција: 38 секунди од фудбалскиот мастерклас на Модриќ против Верона

Дерби

29/12/2025

12:43

263

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ прави голема разлика за Милан и на 40-годишна возраст, а тоа го докажа и на последниот натпревар кој го одиграа „росонерите“ во календарската 2025-та година.

Милан на домашен терен ја надигра Верона со 3:0 и конечно славеше против тим од долниот дел на табелата, но покрај Нкунку кој постигна два гола, клучен фактор за триумфот беше и Модриќ.

Покрај тоа што учествуваше во два од трите гола, Лука воодушеви со својата доминација и креативност во средниот ред, па на социјалните мрежи веќе кружи едно кратко видео во кое се прикажани најдобрите потези.

Хрватскиот маестро беше главен креатор на играта и презентираше неколку импресивни технички потези, вклучувајќи и тривела додавање во негов стил.

Видеото кое трае 38 секунди стана вирален хит, а истото само докажува зошто Лука доби стоечки овации од „Сан Сиро“ кога го напушти теренот во 70-та минута.