„Волстрит џурнал“: Психијатрите сè повеќе ја поврзуваат појавата на психоза со употребата на вештачка интелигенција

Точка

29/12/2025

15:16

237

Големина на фонт

а а а

Водечките психијатри сè повеќе се согласуваат дека употребата на чет-ботови со вештачка интелигенција (ВИ) може да биде поврзана со случаи на психоза, објавува „Волстрит џурнал“.

Како што е наведено, во изминатите девет месеци, овие експерти ги испитале медицинските картони на десетици пациенти кои покажале симптоми на психоза по долги разговори со ВИ.

„Технологијата можеби не води до нереална перцепција на реалноста, но едно лице му кажува на компјутерот дека ова е неговата реалност, а компјутерот ја прифаќа како вистина и ја рефлектира назад, така што е соучесник во создавањето на таа заблуда“, рекол Кит Саката, психијатар од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско.


Тој лекувал 12 хоспитализирани пациенти со психоза предизвикана од вештачка интелигенција, како и уште три случаи во дневната болница.

Во последните месеци, имало десетици потенцијални случаи на луѓе кои страдаат од психоза по долги разговори со чет-ботовите на компанијата ОпенАи и Четџипти, како и други четботови.

После тоа, неколку лица извршиле самоубиство, а се случило и најмалку едно убиство.

„Продолжуваме да ја подобруваме обуката на Четџипити за препознавање и реагирање на знаци на ментален или емоционален стрес, смирување на напнатоста за време на разговорите и насочување на луѓето да бараат поддршка во реалниот свет“, изјавила портпаролката на „ОпенАИ“.

Други производители на четботови, вклучувајќи ја и компанијата „КатактерАИ“, исто така признаа дека нивните производи придонесуваат за проблеми со менталното здравје.


Иако повеќето луѓе кои користат четботови не развиваат ментални проблеми, масовната употреба на вештачка интелигенција е доволна за да ги загрижи лекарите.

Технологијата долго време е во фокусот на човечките заблуди, а луѓето во минатото биле убедени дека телевизорите им зборуваат и им се обраќаат.

Лекарите, сепак, велат дека неодамнешните случаи поврзани со вештачката интелигенција се различни бидејќи четботовите играат улога во создавањето, а понекогаш и засилувањето на заблудите.

„Тие симулираат човечки односи“, рекол професорот по психијатрија на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин, Адријан Преда, додавајќи дека ништо слично не е забележано претходно во човечката историја.


Психијатрите предупредуваат дека не е можно да се зборува за тоа дека четботовите предизвикуваат психоза, но тие укажуваат дека се приближуваат кон воспоставување таква врска.

Лекарите се надеваат дека понатамошните истражувања ќе утврдат дали вештачката интелигенција всушност може да предизвика проблеми со менталното здравје.