[ВИДЕО] „Детоксот би го забранила со закон, тоа е чист бизнис“: Д-р Јагода Јорга го разоткрива митот за цедените сокови, а се осврна и на нутриционистите без струка

Точка

29/12/2025

13:07

808

Големина на фонт

а а а

Со години детокс-програмите и цедените сокови нѝ се промовираат како краток пат до здравје, убавина и „чистење на организмот“. Меѓутоа, д-р Јагода Јорга, една од најугледните српски експертки за исхрана, предупредува дека вистината е — сосема поинаква.

Во разговор за „Žena“, Јагода Јорга без задршка објаснува зошто детокс-диетите се опасни, како цедените сокови влијаат врз шеќерот во крвта, но и каков хаос можат да направат во нашите црева.

Цедените сокови — здрав мит што скапо го плаќаме

„Детокс апсолутно би забранила со закон“, вели д-р Јагода Јорга и веднаш го посочува првиот сериозен проблем.

„Свежо цедените сокови се бактериолошки небезбедни доколку не се пастеризирани. Но, тоа не е најлошото. Процесот на цедење ги претвора овошјето и зеленчукот во извор на таканаречени слободни шеќери. Без разлика дали се од јаболко, грозје или цвекло — тоа е ист шеќер како да сте раствориле коцка шеќер во чаша вода. Разликата е во тоа што тој многу побрзо се апсорбира и нагло го зголемува шеќерот во крвта. Со други зборови — телото не гледа „здрав напиток“, туку шеќерен удар“.

Што му прави детоксот на нашите црева?

Една од најопасните последици на детокс-режимите, според зборовите на д-р Јорга, е нарушувањето на цревната микробиота.

„Во нашето тело постојат околу 2,5 килограми цревни бактерии кои имаат клучна улога во имунитетот, метаболизмот и регулацијата на шеќерот. Кога организмот се преплавува со детокс-сокови, се размножуваат лошите бактерии, добрите остануваат без храна и доаѓа до дисбиоза — сериозно нарушување на цревната рамнотежа“, објаснува таа.


„Добрите бактерии ги сакаат диететските влакна од житарките — пченица, овес, ’рж и јачмен. Тоа се бета-глукани, нашите сојузници во здравјето“, додава докторката.

Исклучувањето на овие намирници, што е честа практика кај детокс-диетите, остава долгорочни последици.

„Имаме многу пациенти кои се целосно уништени од вакви режими. Детоксите не се здравје — тие се бизнис“, вели д-р Јорга.

Кој е всушност нутриционист?

Во морето совети на социјалните мрежи, д-р Јагода Јорга особено предупредува на „експерти без струка“.

„Официјална диплома имаат нутри-диететичари или лекари специјалисти за исхрана. Само тие имаат право да спроведуваат медицинска нутритивна терапија“.

Најголемиот проблем го гледа кај оние што ги нарекува „нутриционисти од хоби“. „Незнаењето, кога е спакувано во добар маркетинг, станува опасно“, предупредува д-р Јорга.