Љупка Митрова, сопственичка на модниот бренд „Mitroff“, ужива во љубовта со сопругот Георги со кој стапи во брак во мај оваа година.
Таа често објавува заеднички фотографии од нивните патувања и авантури, а овојпат парот отпатувал за Атина каде го прославил роденденот на Георги. По тој повод, Љупка објави низа фотографии од нивниот динамичен стил на живот, но и неколку провокативни фотографии од неа.
На две фотографии, убавата Љупка позира топлес во бањата, а на себе носела само танга гаќички и црни високи чорапи. Таа објави уште една фотографија на која носи црвена долна облека која ги истакнува нејзините облини.















