„Добриот, лошиот и грдиот“: Златан објави фотографија со Хабиб и Погба, легендарниот борец му коментираше

Точка

26/12/2025

19:40

635

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ овие денови ужива на одмор во Дубаи, каде што друштво му прават Хабиб Нурмагомедов и Пол Погба.

Неодамна Хабиб објави видео на кое тој и Златан се одмеруваат во буткање на рака, а денес Ибрахимовиќ објави фотографија од тоа дружење која предизвика бројни коментари.


Ибрахимовиќ ја објави фотографијата во моментот кога тој и Нурмагомедов се буткаат на рака, додека во позадина на масата ги набљудува Погба.

„The Good, the Bad, and the Ugly“, напиша Златан во описот на фотографијата, што е наслов на култниот филм на Серџо Леоне од 1966 година, кој на нашите простори е преведен како „Добриот, лошиот и грдиот“.


Со оглед на тоа што на англиски јазик е употребен зборот „ugly“ („грд“), веднаш по објавувањето на фотографијата реагираше Нурмагомедов.

Еден од најдобрите ММА борци во историјата се јави под објавата на Златан и во коментари напиша: „Нема шанси јас да сум грдиот“.