Убиството на соиграчот целосно го скрши: Фудбалската легенда заминува во пензија

Точка

26/12/2025

21:01

474

Големина на фонт

а а а

Каиседо е икона на еквадорската репрезентација, со 68 настапи и 22 постигнати гола.

Поранешниот еквадорски репрезентативец Фелипе Каиседо (37) најави повлекување од фудбалот по убиството на неговиот соиграч од „Барселона Спортинг Клуб“, Марио Пинеида (33). Пинеида беше убиен на 18 декември во Гвајакил, најголемиот град во Еквадор. Во пукањето што се случи сред бел ден беше убиена и неговата сопруга, додека неговата мајка беше ранета.


Смртта на еквадорскиот фудбалер ја потресе и шокираше целата земја, а особено неговите соиграчи од Барселона де Гвајакил. Еден од нив, Фелипе Каиседо, поранешен играч на Манчестер Сити, Лацио, Интер, Малага и други клубови, најави дека повеќе не сака да игра фудбал.


„Најверојатно ќе се повлечам. Не планирам да продолжам. Смртта на Марио Пинеида длабоко ме погоди и повеќе не сакам ништо да знам за фудбалот. Нема да останам во Барселона“, изјави 37-годишниот напаѓач за локалните медиуми.


Каиседо потпиша за еквадорската „Барса“ во јануари оваа година, откако повеќе од една година беше надвор од терените.


Каиседо е икона на еквадорската репрезентација, за која запиша 68 настапи и постигна 22 гола.