Сопствениците на Сити се повлекуваат од еден клуб од групацијата

Дерби

26/12/2025

14:23

279

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити е дел од фудбалско семејство кое подразбира повеќе клубови во сопственост на „Сити футбол груп“, а менаџментот на групацијата решил да се повлече од еден клуб во кој досега имаше мнозински пакет акции.

Се работи за индискиот прволигаш Мумбаи Сити, кој досега беше менаџиран од „СФГ“, а во кој компанијата поседуваше 65 проценти од акциите уште од 2019 година.

Денеска, со соопштение, групацијата потврди дека се повлекува од Мумбаи Сити, а како причина ги наведе последните случувања и неизвесноста која ја носи ситуацијата во индиската Супер лига.

Почетокот на првенството е одложен и засега не е познато за кога, додека и Индиската фубдалска федерација се мачи со долгови кои подразбираат сума од неколку милиони евра.

Покрај најатрактивното име Манчестер Сити, во групацијата се уште Мелбурн Сити, Њујорк Сити, Монтевидео, Троја, Ломел, Џирона, Шенжен, Јокохама, Палермо и Бахија, но во дел од клубовите поседува само одреден процент од акциите.