Има зимски вечери кога храната станува повеќе од оброк. Кога надвор е студено, а внатре бараш нешто што ќе те задржи уште малку на трпезата.
Топол вкус, тивок разговор и чувство дека не мора никаде да брзаш. Во таквите вечери се вклопува La Dolce Vita во Distrikt Bar & Kitchen.
Ова е храна што грее. Вкусови што имаат тежина, длабочина и трпение. Италија овде не е разгледница, туку топла кујна, со јадења што носат мирис на дом.

Северот и југот се чувствуваат не како дестинации, туку како расположенија. Порафинирани, помирни вкусови од една страна, и потопли, подлабоки и поискрени од друга.

Оттаму за Точка велат дека La Dolce Vita не ја гледаат како класично гастрономско случување, туку како момент на забава. Храна што не сака внимание, туку време. Да се јаде бавно, со чаша вино што ја следи храната, а не ја надвладува.

Во зима, тоа бавно уживање има посебна тежина. Кога храната не е само вкус, туку утеха. Кога атмосферата не мора да биде гласна за да биде жива. Затоа La Dolce Vita не се случува еднаш, туку секој петок, како мал ритуал што те вади од секојдневието.

Секој петок од 20 часот, Distrikt нуди простор каде италијанската кујна се чувствува, а не се објаснува. Каде храната зборува сама за себе и потсетува дека во зима, најдобрите вечери се оние што се задржуваат малку подолго.
Автор: Ц.Н.








